Булингот е тука…

Илустрација за врсничко насилство / Фото: Dmitriy Shironosov / Alamy / Alamy / Profimedia

Поради мојата вистинска приказна, доживеав низа неправди, искрено се гордеам, говорам во името на илјадници жртви на булинг, деца отфрлени во општеството, скршени како безвредно парче стакло, деца без право на детство.

Врсничкото насилство зема сè поголем замав во нашето општество. Трите месеци на летниот распуст летнаа… Булингот е сè уште тука. Воопшто не е важно колку години имаш, кое одделение си кога ќе се потсетиш на училишните искуства, на многубројните стресни ситуации во училишниот простор.
Тука се училишните служби, пријавуваш насилство, никој мува не го лази…
А ти стравуваш која глупост и опасност те очекува утре. Веќе ти е доста од озборување, ширење лаги, исмевање, уништување твои лични предмети. Секако, не ти се оди на училиште!
Неоправданото правење разлики по национална припадност е многу често. Ти си католик, затоа си секташка, наркоманка, луда, а твојата најдобра другарка која е Албанка е неписмена забулена шиптарка!
До кога? До кога ќе се молчи во општеството? Кој ќе ја залечи повредата на приватноста на овие деца? Никој, апсолутно никој не го засега туѓата болка, затоа биди одговорен пред самиот себе, насилникот само се прикажува како моќен, а всушност тоа е дете незадоволно од себе, кое стои на работ на бездна.
Немој да молчиш, не си сам, нè има и премногу во оваа мала држава. Јас сум една од вас, го кренав својот глас против булингот со моето дело романот „БУЛИНГ во основното училиште“. Поради мојата вистинска приказна доживеав низа неправди, искрено се гордеам, говорам во името на илјадници жртви на булинг, деца отфрлени во општеството, скршени како безвредно парче стакло, деца без право на детство.
Да се прашаме, каде се младите?! Веќе си заминаа во туѓина со билет во еден правец. Тие што останаа, се шуткаат по билингвалните паралелки со цел да избегаат од земјата каде што моќниот надвладува. Секој па дури и дете.

https://www.youtube.com/watch?v=nyX0tKqvFKg&t=30s

(Текстот е објавен со одобрение од родител)

ЈАЗИКОТ НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ, КАКО И СТАВОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО КОЛУМНИТЕ, НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот