19.8 C
Скопје

Бујар Османи со силна поддршка до Захариева за разрешување на случајот со шпионажа во корист на Русија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и изрази поддршка на неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева, за справување со случајот со откриената група за шпионажа, која пренесуваше информации за Бугарија, ЕУ и НАТО на Русија,.

ВИДЕО I Гешев: Операцијата за откривање на групата за шпионажа во Бугарија е „невидена”

-Силна поддршка за суверенитетот на Бугарија, нашиот сосед и сојузник во НАТО. Република Северна Македонија ги осудива сите малигни активности на територијата на Република Бугарија, напиша Османи на неговиот твитер налог обраќајќи се до Захариева.

И Борисов ја повика Русија „да престане да шпионира во Бугарија”

Бугарското Државно обвинителство соопшти дека е откриена криминална група за шпионажа во корист на Русија. Таа била раководена од поранешниот шеф на бугарското воено разузнавање, кој во 1970-тите дипломираше на училиштето ГРУ во поранешниот Советски сојуз, кого Обвинителството го нарече „резидент”. Тој регрутирал лица кои имале пристап до класифицирани информации важни за Бугарија, ЕУ и НАТО, јави дописникот на МИА од Софија.

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар