-3 C
Скопје

Бухова-Сотирова: Во тек се девет нови вонредни инспекциски надзори

Дел од вонредните инспекциските надзори на болниците се завршени и веќе се иницирани стручни надзори во Министерството за здравство. Постапката тече. Во Битола заврши за 24 часа, во Штип за 48 часа од аспект на постапка на ДСЗИ. Во тек се девет нови вонредни инспекциски надзори. Тоа е процес кој е во динамика, како ние ги завршуваме, така иницираме вонредни стручни надзори. Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Бухова – Сотирова.

На новинарско прашање за помладите пациенти кои ја изгубија битката со Ковид-19, Бухова – Сотирова напомена дека ДСЗИ спроведува вонредни инспекцикси надзори за сите помлади пациенти кои за жал ја загубија битката со вирусот.

Прочитајте и...  „Иницијатива против урбаното дивеење": Општина Ѓорче Петров не престанува со нетранспарентно носење на урбанистички планови

– Тоа е динамичен процес. Инспекциските надзори кои веќе се завршени, во истиот момент се иницира вонреден стручен надзор, кој го иницираме до МЗ. И кога ќе биде завршен, или МЗ или ДСЗИ ќе ја информира јавноста, рече Бухова – Сотирова.

Потенцира дека во ДСЗИ во тек се уште девет вонредни нови инспекциски надзори.

За инспекцискиот надзор во Клиничката болница во Битола, Бухова – Сотирова појасни дека ДСЗИ со решение ја задолжи директорката на болницата во Битола да обезбеди соодветна просторија т.н. морга која ќе одговара на новонастанатите услови.

Прашана за протоколот на погребување на починатите од Ковид-19, Бухова – Сотирова рече дека никогаш не било наведено дека тие мора да бидат погребувани во лимени сандаци. Појасни дека по ова ДСЗИ нема ингеренции да постапува. По Законот за погребални услуги, кој е во ингеренции на Министерството за транспорт и врски, постапуваат други институции.

Прочитајте и...  Филипче: Првите вакцини од „Фајзер" и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз, планот за вакцинација е подготвен

Поврзани вести

Фон дер Лајен: Западен Балкан ќе ги добие ветените вакцини најбрзо што може

Слободен печат

Лидерите на ЕУ заклучија: Границите остануваат отворени, но се воведуваат рестрикции за патувањата

Слободен печат

Зошто Твитер трајно го суспендираше профилот на Трамп: Хронологија на сите навреди во последните 6 години

Слободен печат

Швајцарија веќе нема да биде неутрална? Државата покрена кампања после која ништо нема да биде исто

Слооден печат

Фолскваген може да заработи казна од над 100 милиони евра за неисполнување на целта на ЕУ за емисија на гасови

Слободен печат

Бајден: Следниот месец во САД ќе има 500.000 починати од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар