Бугарското ВМРО организираше протест против кревање на ветото: Демонстрантите скандираа „Македонија е бугарска

фото НОВА бг

Бугарската партија ВМРО, на поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во градот Кресна денеска организираше протести против евентуалното тргање на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, јавува софиската телевизија Нова.

Протестот започнал во 12 часот по локално време под слоганот „Не ја изневерувајте Македонија“ при што беше блокиран сообраќајот во областа на Кресна.

„Од 4 мај одржуваме различни акции за да покажеме дека Владата не е надлежна за нашите односи со Северна Македонија. Историската вистина е на наша страна“,изјави еден од учесниците на протестот, Владимир Митов, за Нова.

Додека тој даваше изјава, демонстрантите извикуваа „И порано и сега, Македонија е бугарска“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот