Бугарското Собрание е „за” почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ

фото: МИА

Бугарското Народно собрание денеска усвои Декларација со која се предвидува Бугарија да даде целосна поддршка за отпочнување на преговорите за членство на Република Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

Како што јави БГНЕС, Декларацијата, која беше прва точка на денешната седница на бугарското Собрание, е усвоена со 129 гласа „за”, четири „против” и еден „воздржан”.

Во Декларацијата се наведува дека бугарското Народно собрание е посветено на проширувањето на ЕУ и на Процесот на стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија.

Во документот се нагласува дека европската интеграција „нема да биде на штета на искривување на историските настани, документи и артефакти, како и на улогата и ставовите на лицата од бугарската историја”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот