Бугарското МНР разочарано од македонската Резолуција

Собрание на РСМ. / Фото: МИА

Бугарското Министерство за надворешни работи е разочарано од Резолуцијата што беше усвоена вчера во македонското Собрание и со жалење заклучува дека овој чин доаѓа во време кога билатералниот дијалог меѓу Софија и Скопје, започна да преминува во  поперспективна фаза.

Во изјавата за БГНЕС од бугарското МНР, се вели дека Бугарија го очекува објавувањето на Резолуцијата за да може внимателно да ја анализира содржината и од аспект на нејзината компатибилност со Договорот за добрососедство, како и потенцијалното влијание на Резолуцијата врз досегашниот дијалог.

„Единствениот правилен начин за изнаоѓање на одржливи и взаемно прифатливи решенија за актуелните предизвици во односите е стриктното придржување кон постигнатите договори и преземени обврски, нивното спроведување, како и поддржувањето на искрен дијалот“, велат од бугарското МНР.

Вчера македонското Собрание ја усвои Резолуцијата, која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ, со 95 гласа „за“, со само еден воздржан и ниту еден глас против.

Според Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика, нема ништо спорно во македонската Резолуција. Таа вели дека бугарската Декларација е документ со екстремни ставови, со кои имаме проблем, без разлика дали имаме резолуција во Собранието или не.

Резолуцијата има поголемо значење кај нас дома и добро е што се постигна консензус. Не гледам дека може да има влијание, во смисла да го отежне постигнувањето на решение со Бугарија. Потребна е политичка волја во Бугарија за да се реши ова прашање, вели таа.

Кацарска: Резолуцијата за Бугарија е исчекор кон единствено македонско општество

Видео на денот