Бугарското МНР нема информации за 39-те машки тела најдени во камион

Министерството за надворешни работи во моментов нема информации за објавите во британските медиуми поврзани со смртта на 39 лица во камион, за кои се тврди дека дошле од Бугарија во Велика Британија.

– Нашата амбасада во Лондон е во контакт со локалните власти и го разгледува случајот, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Во контејнер во бугарски камиони во англиската покраина Есекс , пронајдени се тела на 39 мажи, а 25-годишниот возач од Северна Ирска, е уапсен под сомнение за убиство.

Камионот што пристигнал од Бугарија во неделата, било откриен рано утрово во индустрискиот парк Вотергајд , јави Би-Би-Си . Според извори од истрагата , меѓу 39 машки тела имало и тело на тинејџер, чија националност за сега не е позната.
Британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател изјави денеска дека веста за откриените 39 тела во камионот „ја шокирала и растажила“.

Таа напиша на Твитер дека била многу тажна поради „овој трагичен инцидент“, пренесува Ројтерс. Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека веста за откривањето на 39 тела на мажи во камион во Есекс го запрепастила.

– Зачуден сум од овој трагичен инцидент во Есекс. Добивам редовни известувања од Министерството за внатрешни работи и тесно соработуваме со полицијата во Есекс за да утврдиме што точно се случило – рече Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот