Бугарското Министерство за здравство со реакција до „АстраЗенека“: Не одземајте ја надежта на луѓето, уште утре да пратите вакцини

Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT A

Министерството за здравство на Бугарија испрати остар допис до производителот на вакцини „АстраЗенека“, објави бугарската приватна телевизија НОВА која го има документот, јави дописникот на МИА од Софија.

Во документот се наведува дека во моментот постои сериозно доцнење во снабдување со вакцини од компанијата. Како пример, Бугарија на 1 март ќе добие, веројатно, само 52.000 дози од вакцината, иако според планот треба преку 142.000.

Бугарскиот министер за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов инсистира „АстраЗенека“ итно да испрати 52.000 дози од лекот во Бугарија уште утре, додавајќи дека земјата е подготвена да обезбеди воздушен транспорт за оваа цел.

Во писмото се наведува и дека масовната вакцинација во Бугарија се движи со многу високо темпо, а со недостигот на вакцини, „АстраЗенека“ „ја одзема надежта на луѓето”.

Бугарија денеска постави рекорд по бројот на вакцинирани луѓе за еден ден. Од 7:30 до 17:30 часот по локално време се вакцинирани 18.900 бугарски државјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот