Бугарско МНР: Ја повикуваме Русија да покаже почит за изборот на Бугарија и нејзиното членство во НАТО

Министерство за надворешни работи на Република Бугарија
Министерство за надворешни работи на Република Бугарија / Фото: Фејсбук, Министерство за надворешни работи на Република Бугарија

Во ставот на бугарското Министерство за надворешни работи искажан на социјалните мрежи се наведува дека националните територии на земјите членки на НАТО се територии на Алијансата. Вооружените сили на земјите – членки се, исто така, вооружени сили на НАТО. Според ставот на Софија, тоа произлегува од Вашингтонскиот договор за основање на НАТО, кој е ратификуван од сите земји-членки. Договорот од Вашингтон не предвидува „втора категорија“ на земји-членки на кои колективната одбрана се применува селективно или во ограничен обем.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарското Министерство за надворешни работи ја повикува Руската Федерација да покаже почит кон свесниот надворешнополитички избор на Република Бугарија за членство во НАТО и одлуките на бугарскиот Уставен суд.

– Ја повикуваме Руската Федерација да остане ангажирана во конструктивен дијалог со членките на НАТО во Советот НАТО – Русија, насочен кон иднината на пообединета и побезбедна Европа заснована на владеење на правото и строго спроведување на обврските од меѓународното право, стои во соопштението.

Сегашната криза во безбедносната архитектура во Европа, како и кризата во и околу Украина, треба да се решат со дипломатски средства и со дијалог, се вели во ставот на Бугарија.

Извор: МИА

Бугарски експерт за одбрана: Барањето на Русија не е изненадувачко, тоа е дел од агресивниот говор на Кремљ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот