Бугарските тајни служби даваат пари за луѓе во Македонија да учат бугарски, тврди Стевчо Јакимовски

Фото: ТВ21 / принтскрин

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вечерва изјави дека иако се на „спротивставени страни“, го поддржува лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, „да ги издржи притисоците за внесување на Бугарите во Уставот“.

„Тука сме апсолутно на иста страна, зашто најмалку се проблем Бугарите како нација, туку проблем се намерите“, рече Јакимовски во емисијата „10 минути“ на телевизијата „21“, додавајќи дека Софија води „великобугарска“ политика.

„Тие си ги покажаа нозете, односно змијата си ги покажа нозете веќе со француско-бугарскиот договор. Почнаа да отвораат веднаш овие нивни здруженија со провокации. Веднаш нивните разузнавачки служби почнаа да даваат пари и почнаа да нудат пари за тие што ќе го учат бугарскиот јазик“, рече Јакимовски.

Тој додаде дека Бугарите има иредентистички намери кон Македонија и дека воопшто не го се плашат да го кажат тоа.

-Тие никогаш не се срамат да кажат дека имаат иредентистички аспирации кон Македонија. Не се срамат тоа да го кажат во Европскиот Парламент, во интервјуа, јавно и така натаму… Пазете ја тезата „Един народ, две држави“, додаде Јакимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот