Бугарските социјалисти ќе ја поддржат партиската влада на Слави Трифонов, без да учествуваат во неа

Фото:Принтскрин

 Лидерката на опозициската Бугарска социјалистичка партија, Корнелија Нинова, по состанокот на раководството на партијата објави дека ќе ја поддржат владата на  „Има таков народ” на Слави Трифонов, јави дописникот на МИА од Софија.

Сепак, БСП постави пет услови за поддршка на „Има таков народ” – поврзани со брзи и конзистентни реформи во здравствената заштита, борба против корупцијата, зајакнување на независно судство и ревизија на буџетот.

Нинова рече дека ако на бугарските социјалисти им биде даден мандат да формираат влада, Националниот совет „ќе донесе одлука по итна постапка”.

Таа смета дека ако се предаде третиот мандат на БСП за формирање на новата бугарска влада, партијата „ќе донесе одлука по итна постапка”.

БСП објави дека нема да го поддржи предлогот предложен од поранешните владетели во Бугарија од ГЕРБ и ќе гласа „против” во бугарскиот парламент. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот