Бугарските социјалисти ќе ја напуштат владата на Петков доколку Македонија добие преговори со ЕУ

Проф. Румен Гечев - Бугарската социјалистичка партија (БСП)

Бугарската социјалистичка партија (БСП) најави дека ќе ја напушти владината коалиција доколку С. Македонија добие преговори со ЕУ, порача пратеникот од редовите на партијата Румен Гечев, пренесуваат бугарските медиуми.

Според него, покрај движењето „Има таков народ“ предводена од шоуменот и политичарот Слави Трифунов, коалицијата предводена од “Продолжуваме со промената“ ќе ја напуштат и социјалистите.

Покрај „Има таков народ“, кои ќе ја напуштат коалицијата доколку се даде зелено светло за преговори со С.Македонија без исполнување на критериумите, тоа ќе го направи и БСП –  изјави Гечев.

Во меѓувреме пак, еден од пратениците на владејачката „Продолжуваме со промената“ Венко Сабрутев излезе со шокантна изјава и побара од Скопје на Софија да и ги врати коските на цар Самуил.

„С. Македонија и нејзиното вето за пристапување во Европската унија не е главно прашање за народот во моментов. Нема да го укинеме ветото доколку С. Македонија не даде гаранции и гестови дека ќе ги исполни своите обврски. Еден таков гест е враќање на коските на цар Самуил кај нас“, рече Сабрутов.

Сепак, како што потенцираат бугарските медиуми, коските на царот Самуил се во Солун и Бугарија долго време преговара со грчките власти за нивно враќање. Тие не се под јурисдикција на Скопје и необјасниво е С. Македонија да и ги врати на Бугарија во контекст на укинувањето на ветото, освен ако Сабрутев не се збунил во врска со историјата, потенцираат бугарските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот