Бугарските социјалисти без конечна одлука за поддршка на владата на „Има таков народ”

Бугарски Парламент/Фото Архива на Слободен печат

 Бугарската социјалистичка партија се уште нема донесено конечна одлука дали ќе го поддржи кабинетот на најголемата парламентарна сила „Има таков народ”, изјави пратеникот на БСП, Стојан Мирчев за Бугарското национално радио.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Мирчев, тоа би се случило во наредните еден или два дена и ќе зависи од позициите на останатите протестни партии „Демократска Бугарија” и „Стани БГ! Доаѓаме!”.

Тој истакна дека ќе биде важно дали ќе има разговори меѓу „Има таков народ” и другите две партии – „Демократска Бугарија” и „Стани БГ! Доаѓаме!”.

Инаку, според него, нема начин да се избере влада на Бугарија во Националното собрание, чисто математички.

И покрај сличноста на повеќето приоритети меѓу БСП и „Има таков народ”, треба да се види дека има доволно луѓе во Националното собрание кои ја сакаат оваа промена.

– Допирните точки, кои се дефинирани како политики, задолжително треба да се формираат според некој документ или договор. Ова дава гаранција не само за БСП, туку и за бугарското општество, категоричен е Мирчев.

Според него, доколку не биде прифатена владата на „Има таков народ” и на БСП му се даде трет мандат, тогаш ќе разговараат со актуелната техничка влада и таа ќе остане како редовна.

Дописникот на МИА потестува дека в среда се очекува да се гласа за предлог владата на „Има таков народ” во бугарскиот Парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот