Бугарскиот премиер Борисов е позитивен на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN HARTMANN

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов е позитивен на коронавирусот, потврди тој самиот преку Фејсбук. Борисов вчера соопшти дека заминува во изолација откако заменик-министерот за регионален развој во неговата влада, Николај Нанков објави дека е позитивен на коронавирус.

Бојко Борисов во самоизолација

„Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, јас во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По двата направени PCR-теста од денеска сум позитивен на ковид-19.

Во принцип, имам општа слабост и лошо се чуствувам, во моментот, и по совет на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ, напиша Борисов, кој додаде дека почитувајќи ги мерките, сигурен е дека вирусот ќе помине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот