Бугарскиот патријарх Неофит првпат не служи на велигденската литургија

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

 Врачанскиот митрополит Григориј ја отслужи велигденската литургија на Воскресението Христово во Патријаршиската црква „Свети Александар Невски” во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, првпат по осум години откако патријархот Неофит е на чело на Бугарската православна црква, тој не ја води велигденската служба на најголемиот христијански празник – Велигден.

Причината за тоа е здравствената состојба на патријархот Неофит. Митрополитот Григориј објасни дека „за среќа, состојбата на Неговата Светост не е многу сериозна и вознемирувачка” и со својот благослов ги поздрави верниците со Христовото Воскресение од патријаршискиот храм.

На празничната служба присуствуваше претседателката на Националното собрание Ива Рупчева.

Патријархот Неофит и митрополитите на Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарската патријаршија испратија велигденска порака.

Во пораката се вели дека „вознемирувачки е што и денес, два милениуми по Христовото Воскресение и сите други спасувачки настани од светата историја, светот во кој живееме продолжува да се распаѓа од неправди и противречности, од војни и секакви манифестации на омраза и насилство од човек на човек. Светот во кој живееме продолжува да биде болен, свет на страсти и гревови, кој страда од човечката мрзеливост во големото Богочовечко дело на спасението – свет во кој вечните евангелиски вредности и небесните богатства, кои Христос ни советува да ги собираме, се повеќе се изместени од огромната себичност и егоцентризам, од желбата за поседување и грабање, кои веќе не ги загрозуваат само нашите морални основи, туку и самиот живот на земјата во која опстојуваме”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот