Бугарскиот Парламент и даде „корпа“ на владата: Отфрлен планот на Борисов за промена на Уставот

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарскиот Парламент синоќа го отфрли контроверзниот план на премиерот Бојко Борисов за промена на Уставот, што тој го достави во август во обид да ја ублажи политичката криза во земјата.

Предлогот за промена на Уставот доби само 110 гласа „за”, додека на парламентарното мнозинството му беа потребни 160 гласа од вкупно 240 пратеници во парламентот.

Овој предлог неодамна доби критика и од Венецијанската комисија, советодавно тело на Советот на Европа за уставни прашања, која соопшти дека жали што не е спроведена соодветна јавна дебата за иницирање на уставни реформи.

Конзервативната Влада ја покрена иницијативата во обид да го ослабне протестното движење, кое остро ги осудува наводните врски на владата со олигархијата.

Одлуката што се смета за маневар за купување време и останување на власт до следните парламентарни избори закажани за март 2021 година, предизвика бурна реакција од протестното движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот