Бугарскиот министер за здравство: Лекарите се уморни, истоштени, а дел од нив и заразени

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов, денеска предупреди дека најголемиот проблем на здравствениот систем е фактот дека здравствените работници од првата линија на фронтот против ковид-19 се уморни и исцрпени, многумина заразени, односно во карантин, а некои и на интензивна нега. Во моментов се заразени 1.727 медицински работници, јави БТА.

Ангелов во Парламентот рече дека Бугарија влегува во многу сериозна фаза на епидемијата и дека на болниците ќе им треба поддршка од општите лекари и студентите од последната година по медицина.

Тој, исто така, рече дека за време на неговата посета на здравствени установи низ државата, увидел дека има драматичен недостиг од специјалисти во оддалечени места во внатрешноста.

Денеска стапи во сила новата одлука на Министерството за здравство за задолжително носење на маски и на отворено кога не е можно да се почитува препораката за одржување физичко растојание.

– Рестораните и ноќните клубови во Бугарија ќе треба да воведат нови мерки, кои вклучуваат по едно лице на два квадратни метри, рече Ангелов.

Според него, целта на новата мерка е да се зголеми растојанието помеѓу луѓето со цел да се спречи ширењето на вирусот. Досега, мерката беше едно лице на метар квадратен.

Ангелов рече и дека полицијата и регионалните здравствени инспектори ќе вршат проверки и ќе изрекуваат казни за непочитување на мерката.

Во последните 24 часа, во Бугарија повторно е регистриран рекорден број од 1.472, нови случаи на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот