Бугарскиот министер за здравство издаде две наредби за продолжување на анти-епидемиските мерки

– Бугарскиот министер за здравство Стојко Кацаров издаде две наредби за продолжување на важноста на анти-епидемиските мерки, соопшти прес-центарот на Министерството за здравство.

Наредбите се во врска со одлуката на Советот на министри за продолжување на вонредната состојба поради епидемијата до 30 ноември.

По наредба на министерот за здравство, анти-епидемиските мерки се продолжуваат до 10 септември, објектите продолжуваат да работат со 50 проценти од нивниот капацитет, а таму каде што има вакцинирани, прележани или со прикажани негативни ПЦР тестови, тие можат да работат 100 проценти.

Според друга наредба на министерот, до 30 ноември продолжуваат мерките поврзани со работа од дома или работа во смени, почитување на растојание од најмалку 1,5 метри и носење маска.

Двете наредби влегуваат во сила од 1 септември.

Извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот