Бугарскиот министер за правда воведува промена за укинување на државјанство за инвестиции од странски државјани

Министерството за правда на Бугарија воведува промени во Националното собрание, со што ќе се елиминира т.н „Инвестициско државјанство”. Ова на брифинг го соопшти Јанаки Стоилов – министер за правда.

Според Стоилов, подготвени се два нацрт закона за поднесување, јави дописникот на МИА од Софија.

Во врска со ова, тој испрати барање до ДАНС (контраразузнавање) да направи инспекција во последните неколку години за државјанствата стекнати по оваа основа. Постои услов инвестициите што се најавени да се одржуваат одреден период, додаде министерот Стоилов.

„Законот дозволува дури и одземање државјанство доколку се прекршат барањата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот