Бугарскиот европратеник Илхан Кјучјук нов известувач за земјава од ЕП

Пратеникот на Европскиот парламент Илхан Кјучјук од Бугарија ќе биде новиот известувач на ЕП за Македонија,објави European Western Balkans.

Тој е член на групата Обнова на Европа, претходно позната како Алијанса за либералите и демократите во Европа (АЛДЕ). Претходниот известувач на ЕП за Македонија, Иво Вајгл, беше од истата парламентарна група.

Кјучјук од Движењето за права и слободи во Бугарија стана европратеник во 2014 година и беше реизбран оваа година. Беше член на Комитетот на делегацијата за надворешни работи за врски со земјите од Магреб.

Известувачите за Србија и за Босна и Херцеговина, членови на Европската народна партија, ќе бидат избрани во понеделник, а имињата на известувачите за Црна Гора (Тонино Пицула), Албанија (Изабел Сантос) и за Косово (Виола фон Крамон) веќе беа претходно објавени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот