Бугарскиот европратеник Џамбаски фатен со 1,5 промили алкохол

Фото: Принтскрин

При рутинска проверка кај бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски се евидентирани 1,5 промили алкохол. Тој сега ги очекува резултатите од крвта, а потоа ќе објави како ќе постапи, пренесе Ако.мк.

-Се срамам- вака го коментираше наодот на полициската рутинска контрола, бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски.

Во саботата спроти неделата во полициска контрола во Самоков, кај европратеникот Ангел Џамбаски се регистрирани покажа 1,5 промили алкохол во издишаниот воздух.

-Добив тест на крвта и сега чекам резултат. Јас и помогнав на полицијата. Мојот чин беше неразумен и неодговорен. Особено во време кога луѓето умираат на патиштата. Вакви работи не треба да се прават. Не само што ми е жал, туку се срамам. Некогаш се мисли: „Што значи уште една чаша?“, „Што значат 50-100 метри?“, „Никој нема да ме спречи“. Одлична работа! И добро е што всушност не стана голема работа. Сега јавното понижување е заслужено. Јас сум виновен, но не би било важно, дај Боже, да не станеше нешто лошо, а што ако се случеше нешто непоправливо што не можам да го вратам“-вели Џамбаски во изјава за Actualno.com.

Тој очекува казна, а веќе се бара оставка од него.

Ангел Џамбаски е познат по острата реторика во јавноста и во Европаралментот кон Македонија и често го негира нашиот македонски јазик.

Тој исто така спроведува долгорочна кампања на бугаризирање на Македонците во Пустец и Голо Брдо, во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот