Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангелов: Довербата од Договорот за добрососедство прерасна во недоверба, напади и штетни дејствија

Фото: mia.mk

Oдноситe меѓу Бугарија и Северна Македонија забележаа невиден напредок по потпишувањето на Договорот за добрососедство и имаше низа заеднички настани на лидерите од двете земји. Но, две години подоцна е тешко да се препознае напредок, па на негово место настана недоверба, напади и штетни дејствија, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов во емисијата „Бугарија наутро” на ТВ „Бугарија он ер” (Bulgaria On Air).

– Главен проблем е дека договорот меѓу нашите држави создаде рамка, дека нештата ќе се променат и ќе почнеме да се движиме по нов пат. Но, за жал, кон Бугарија досега не видовме таква голема желба за соработка, рече Ангелов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, преголемите емоции, според бугарскиот амбасадор, ја прават нивната работа посложена и оти треба да се мисли попрагматично.

– Сите инструменти треба да се применуваат заедно – од историјата до економијата. Тоа е пристапот што е најправилен, истакна тој.

Оценува дека Бугарија покажала добра волја во однос на Северна Македонија во изминатите години, но нивната земја, како што рече, има своја национална позиција, усвоена со консензус од Националното собрание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот