Бугарски медиуми: Претседателот Радев во самоизолација по контакт со заразен со ковид-19

Фото: EPA-EFE/ARNO MIKKOR HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе биде во самоизолација поради контакт со заразен со ковид-19, јавија бугарските медиуми.

Заразениот со кој бугарскиот претседател бил во контакт е новиот началник на ВВС на Бугарија, генерал Димитар Петров.

Последниот јавен настан каде беа присутни Радев и генерал Петров беше во петокот на празникот на ВВС на таа држава. На настанот беше присутен и министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот