Бугарски историчари: Не знаеме што Делчев подразбирал под автономија на Македонија

Професор Кирил Топалов, член на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историја/Фото: Скриншот

Позицијата на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, за личноста на Гоце Делчев е најблиску до вистината, изјави професор Кирил Топалов, член на бугарскиот дел од Заедничката мешовита македонско-бугарска комисија за прашањата по историјата и учебниците во утринската емисија на БТВ новините.

Пендаровски пред неколку месеци изјави дека Гоце Делчев се определил за Бугарин, но се борел за независна автономна Македонија.

-Велам блиску до вистината, зашто ние не знаеме, тие што се бореле за автономија на Македонија што точно имале во предвид. Може да претпоставиме дека еден дел од нив имале предвид автономна Македонија да стане независна држава, што и се случува со одлука на Коминетрната од 1934/35 година. Можеби нашите автономисти имале предвид нешто друго. Ние не знаеме што точно имало во главата на никого – изјави Топалов.

Тој потсети дека за члановите на македонскиот дел од комисијата „Гоце Делчев е апостол на македонизмот“.

Топалов оцени дека на последните две сесии на заедничката комисија работата е стопирана.

Целата изјава може да ја погледнете на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот