Бугарски европратеник се залага Бугарија да стане „претседателска република“, полна уста пофалби за Радев

STOA Workshop - AI Public Perspectives

Претседателот Румен Радев е последната институционална заштита пред вовлекувањето на Бугарија во војната, додека политичките партии наликуваат на купувачи во мол на црн петок, односно гледаат да се награбаат за кусо време, вели бугарскиот ервопратеник Иво Христов кој во периодот од 2017 до 2019 година беше шеф на кабинетот на Радев.

Во интервју за агенцијата Фокус, Христов пишува дека е неопходна уставна реформа во насока кон претседателска република, бидејќи, без тоа, како што вели, земјата ќе биде во континуирана владина „бестежинска“ состојба. Во објаснувањето за ваквиот предлог, тврди дека клучните фактори се локалните избори наесен и војната кои што ќе ги притиснат апртиите да состават влада. Првиот фактор, изборите, ги туркаат ГЕРБ и ДПС кон коалиција која од срам ќе се крие зад експертски кабинет, а и двете партии знаат дека ако ја освојат локалната власт ќе си обезбедат иднина.

Вториот фактор, војната, пак, според него, е причина за огромен надворешен притисок.

– Тој притисок веќе ги принуди „Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“ да коалицираат предизборно. Под надворешен притисок можно е да се формира коалиција ГЕРБ-ПП-ДБ која што општеството ја нарекува „коалиција на војната“. Ова сценарио е дури поопасно од коалицијата на корупциското статус-кво меѓу ГЕРБ и ДПС. Борисов, ми се чини, нема желба да ја внесе Бугарија во војната, но ќе биде принуден да ги следи другите две партии кои немаат никакви задршки да ја вклучат земјата се повеќе во оваа војна, вели Христов.

Според него, Бугарите се сериозно разочарани од политиката и ја загубиле страста кон неа, а меѓу причините прво го споменува растот на цените и опасноста социјалната криза да се излее на улица со што би се создала нова ситуација, ќе се појават нови партии, нови лидери па државата може да тргне во нејасен правец. Тоа, како што вели, е опасно сценарио, а промената во државното уредување би довела до промена во партискиот систем.

– Во претседателска република нема стотици партии, зашто за реалната власт можат да се борат само неколку големи формации со што се окрупнуваат политичките субјекти по природен пат. Новото државно уредување ќе значи и нови теми во општествената дебата, образложува Христов.

За актуелните проблеми, вели тој, сите актуелни партии ги констатираат, но истите во сегашната „парламентарна република“ не може да се надминат зашто е потребен комплекс од долгорочни социјални мерки, а „денеска владите траат од утро до пладне ако воопшто ги има“.

Според него, партиите не мислат стратегиски, нема стратешки инвестиции и долгорочни мерки, па затоа големите бугарски проблеми не можат да бидат разрешени во рамките на сегашниот устав.

Во разговорот Христов застанува во одбрана на Радев и вели дека се апсурдни тврдењата оти претседателот е властољубец.

– Претседателот не сака, ама принуден е да управува поради неспособноста на партиите да формираат мнозинство. А тоа е резултат на невозможноста партиите „да ја поделат питата“. Последниот виновник за ова е претседателот кој им даде неколку месеци на партиските лидери за да се разберат, а тие сепак го обвинуваат, аргументира Христов.

Во серијата фалби за Радев тој вели и дека претседателот е последната институционална пречка за вовлекување на Бугарија во војната, дополнувајќи го тврдењето со односот на партиите кон Македонија.

– Видовме како се однесуваат кон националниот интерес во однос на Бугарите во Република Северна Македонија. Тие ги предадоа. Оттогаш Скопје ги множи злоупотребите, а се стигна и до инцидентот со претепувањето на Христијан Пендиков. Ете таков е односот кон националните интереси, вели Христов.

Пишувајќи за војната тој порачува дека Бугарија треба да стои настрана од тој пожар во чие распалување, според него нема вина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот