Бугарската политичка коалиција „Стани БГ! Доаѓаме!” ќе гласа против предложената влада од „Има таков народ”

фото МИА

Бугарската политичка коалиција „Стани БГ! Доаѓаме!” донела едногласна одлука да гласа против предлог-кабинетот предложен од партијата „Има таков народ”. Ставот на групата денеска го изјави претседателката на пратеничката група Маја Манолова.Според неа, таква влада би била параван на ГЕРБ и ДПС.

Претходно денеска, партијата се состана за да одлучи дали ќе го поддржи или не нацрт -кабинетот на Слави Трифонов.

– Ние се обврзавме јасно кон бугарските граѓани  – да ја поддржиме владата на промени. Она што ќе го демонтира моделот на еден човек, ќе се справи со корупцијата, што ќе спроведе смели реформи – прво од сите во судството. Од плоштадите беа побарани две оставки, досега добија само една, објасни Манолова.

Според неа, предлозите се скромни и апсолутно неприфатливи.

– За сето тоа потребни се смели луше и докажани професионалци во своите области, со јасна граѓанска позиција. Предложените кандидати за министри не се такви луѓе, нагласи таа.

Манолова коментираше дека нејзината политичка коалиција е подготвена да разговара со „Има таков народ”, „Демократска Бугарија” и со БСП и доколку се навистина заинтересирани за најважните проблеми со кои се соочуваат бугарските граѓани, можат да ги продолжат разговорите и по среда.

Главната причина „Стани БГ! Доаѓаме!” да објави дека ќе гласа против раководството на „Има таков народ” се кандидатурите на двајцата идни министри за внатрешни работи и за правда Петар Илиев и Иво Атанасов заради идната судска реформа во Бугарија.

Извршното биро и пратеничката група на БСП му предлагаат на Националниот совет на партијата да одлучи доколку Петар Илиев не биде отстранет од функцијата вицепремиер и министер за внатрешни работи, предлог-владата на „Има таков народ” да не бидат поддржани во Парламентот. Тоа го изјави лидерот на партијата Корнелија Нинова.
Сепак, одлуката на Националниот совет ќе биде донесена утре попладне

Видео на денот