Бугарската „кобра“ го предизвикува Џошуа! (ФОТО)

фото: твитер

Британецот кој во Саудиска Арабија ги врати трите шампионски појаси од Енди Руиз, ќе ги чува ВБА и ВБО појасите, само ИБФ ќе го брани против Бугаринот.

Бугарската „кобра“ ќе го падне ИБФ шампионскиот појас во мај во Истанбул (Турција).

Една од најочекуваните боксерски борби во 2020 година, сега и официјално е потврдена. Не е познат точниот датум, но борците прифатија да ги одмерат силите.

Во прашање е мечот помеѓу Ентони Џошуа и Кубрат Пулев, тешкашка битка во рингот која треба да се одржи во мај во „Водафон“ арената во Истанбул.

Британецот кој неодамна во Саудиска Арабија ги врати трите шампионски појаси од Енди Руиз, ќе ги чува ВБА и ВБО појасите, само ИБФ ќе го брани против Бугаринот.

Последниот меч на Пулев или бугарската „кобра“ (28 победи и еден пораз во професионалниот ринг) беше против Американецот Ридл Букер на 10 ноември во Калифорнија и триумфираше со судиска одлука на поени.

Џошуа има 24 професионални борби и само еден пораз (од Руиз во јуни 2019 година). Од неговите 23 победи, 21 беа со нокаут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот