Бугарската фудбалска легенда Бербатов: Дарко Панчев е еден од моите омилени играчи

фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Димитар Бербатов е еден од најдобрите фудбалери во историјата на бугарскиот фудбал, еден од најдобрите напаѓачи во 21 век.

Во својата клупска кариера играше за ЦСКА Софија, Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Фулам, Монако, ПАОК и Керала Бластерс. Со Јунајтед успеа двапати да ја освои Премиер лигата, во дресот на „црвените ѓаволи“ во 108 настапи запиша 48 голови, а исто толку погодоци имаше и за најдобрата бугарска репрезентација.

Бербатов (42) се обидува да биде претседател на Фудбалската федерација на Бугарија, сметајќи дека време е за промени и за нови луѓе кои фудбалот во Бугарија ќе го одведат на тоа ниво на кое би требало да биде секогаш.

Во интервју за „Спортал.рс“, Бербатов го откри својот најголем идол, станува збор за поранешниот македонски репрезентативец Дарко Панчев.

– Ако можам да се вратам во минатото, еден од моите омилени играчи за кој не сум зборувал многу е Дарко Панчев. Овој човек… Даваше голови на секој начин. Ми се допаѓа начинот на кој го правеше тоа. Тогаш Звезда имаше неверојатен тим. Но, тој, можеби поради неговото име, и јас го сакав неговото име, Како звучи: Дарко Панчев! Тој ми беше омилен – вели Бербатов.

Панчев во дресот на Црвена звезда пред 32 години ја освои титулата европски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот