Бугарската фудбалска федерација очекува УЕФА да ја казни Македонија

Македонија загуби на последните два меча во Лигата на нации/фото: Драган Митрески/Слободен печат

Македонската А репрезентација во својот последен натпревар во Лигата на нации загуби со 0:1 од Бугарија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Пред почетокот на мечот бугарската химна од почеток до крај беше исвиркувана.

Извршниот директор на Бугарската фудбалска федерација Борислав Попов изјави дека Македонија ќе добие санкција од УЕФА за исвиркување на националната химна на Бугарија.

Попов го спореди овој меч со натпреварот против Англија пред три години кога Бугарија беше обвинета за расизам.

– На нашиот натпревар свирежите беа многу послаби и делегатот ги опиша. Колегите со кои разговарав, кои беа на натпреварот со Македонија ми кажаа дека делегатот ги опишал. Не постои начин да се пропушти такво апсолутно неприфатливо, па дури и хулиганско однесување. Пред три години бевме казнети со 10.000 евра – рече Попов за БНТ.

Бугарите провоцираат: Како може да свирите на химната на вашите баби и дедовци

Видео на денот