Бугарска фирма избрана за снабдувач на земјава со гас

Фото: Митилинеос / Јутјуб/принтскрин

Државната фирма ЕСМ Продажба денеска потпиша договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас, пред сѐ поголемите производствени и услужни капацитети.

– Договорот е потпишан со фирмата Balkan Utilities од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97е/MWh. Истата фирма даде понуда за снабдување и до 1.5.2023г., со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец. Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, Макпетрол Пром–Гас, понуди цена од 116,20e/MWh, која не беше фиксирана, односно е подложна на корекции за јануари. Третиот понудувач A.P.M.P. Handels Ges не даде комплетна понуда, соопштија попладнево од ЕСМ Продажба.

Потрошувачите на природен гас во државата потребно е да се обратат до ЕСМ Продажба за понатамошно снабдување за своите потреби од 1.1.2023 година.

ЕСМ Продажба на 23 декември објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да ја обезбедат и да испорачаат потребната количина на природен гас. Дополнително била испратена директна покана за понуда до сите активни лиценцирани фирми за трговија и снабдување со природен гас во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот