Бугарите им се ситат на Британците: Да видите како изгледаат празни продавници

Затворени и празни продавниците во Велика Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британците дури сега почнуваат да сфаќаат дека заедно е подобро. По брегзитот голем број Европејци, особено од источноевропските земји си заминаа од Велика Британија затоа што беа донесени мерки кои го отежнуваа нивниот престој, работа и домување во оваа земја.

Една од флоскулите на заговорниците на брегзит политиката беше дека доселениците им ги земаат работните места на „вистинските Британци“. Сега, пак, излегува дека не-вистинските Британци вршеле суштински работи во британското секојдневие.

Велика Британија деновиве се соочува со незапаметени слики на редови пред полупразните продавници, оти стока нема оти нема кој да ја довезе. Британската влада подготвува нов план за излез од оваа криза со тоа што најавува дека ќе одобри 5.000 визи со поволни услови за возачи на камиони. Тука пред сѐ се смета дека можноста би ја искористите жителите на двете најсиромашни држави во ЕУ: Бугарите и Романците.

Но, дали најсиромашните Европејци сакаат да заминат во земја која не е членка на Европската Унија кога им се отворени портите на Германија.

Интересно е да се прочитаат коментарите на бугарските граѓани на оваа тема објавени на бугарските информативни портали. Така еден граѓанин вели дека „редно е и Британците да видат како изгледа 35 години продавниците да бидат полупразни“. Друг коментира дека овошјето и зеленчукот „можат да го берат  организирани бригади од студенти на Оксфорд и Кембриџ“. Еден од коментаторите се чуди: „Замислете, а пред 20 години Британија за нас беше земја на чудата, а сега како е така е ама е подобро во Бугарија“.

Сепак, со високата политика ќе се занимаваат политичарите, а на народот кој секаде ја има истата мака му останува наситка од маката на другиот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот