Бугарин со специјално модифицирано возило се обидел да внесе 30 килограми хероин во Србија

Фото: илустрација

Дрогата била сокриена во посебно изработени бункери под хаубата, кај задниот браник, во подот на возилото, како и во празнините на предното десно тркало.

На граничниот премин Градина српските цариници запленија повеќе од 30 килограми хероин и уапсија бугарски државјанин со иницијали З.Г. (45), поради сомнение дека извршил кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.

Српската полиција, на влез во нивната земја, за време на преглед на возило со бугарски регистарски ознаки, со кое управувал осомничениот З.Г. пронашла 30,4 килограми хероин, спакувани во 57 пакети.

Дрогата била сокриена во посебно изработени бункери под хаубата, кај задниот браник, во подот на возилото, како и во празнините на предното десно тркало.

На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа, и тој, со кривична пријава, ќе биде приведен во надлежното обвинителство.

Акцијата ја предводеле припадниците на српското МВР, Управата на граничната полиција во сорабока со Управата на царината.

Фото: Српско МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот