Бугарин обвинет за шпионажа за Русија

Бугарското обвинителство обвини водач на невладина организација заради шпионажа за Русија, а во обид да одврати внимание на Бугарите од западните сојузници и да ги приближи до Москва.

Обвинителите тврдат дека лидерот на Националното движење русофили, педесетгодишниот Николај Малинов, работел во Рускиот институт за стратешки студии, претежно воден од поранешни разузнавачи, и за руската невладина организација „Двоглав орел” од 2010 година.

„Николај Малинов е обвинет дека се ставил на располагање на странски организации и шпионирал за нив”, изјави заменик-главниот обвинител Иван Гешев.

Малинов беше ослободен со кауција, но не смее да ја напушти земјата, потврди главниот обвинител Сотир Кацаров.

Обвинителството пронајде документ на руски јазик во кој се зборува за „неопходно геополитичко пренасочување на Бугарија” подготвено од Малинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот