Бугарија: Во автомобил со две малолетни деца се обидел да прошверцува 100 килограми хероин

Бугарска гранична полиција
Фото: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Над 100 килограми хероин се откриени при контрола на автомобил на бугарскиот граничен премин „Капитан Андреево“ со Турција, соопшти прес-центарот на Царинската агенција.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова се случило пред два дена, кога на бугарско – турската граница пристигнал автомобил со француска регистрација, кој од Турција преку Бугарија доаѓал до Франција.

Во автомобилот што го управувал францускиот државјанин патувале неговата сопруга и нивните две малолетни деца, како и нивните миленици – две кучиња.

Според методот на „анализа на ризик“, автомобилот е утврден на темелен царински преглед. Вкупно 209 пакувања, завиткани во фолија и во кои има прашкаста материја беж, се пронајдени на специјално изградени скривалишта, во подот на автомобилот, достапни по демонтирање на седиштата, како и на местото на резервната гума. Вкупната количина на запленетата дрога е 104.940 килограми, вредна 4.900.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот