Бугарија: В понеделник прв обид на ГЕРБ-СДС да формира влада

Бојко Борисов ГЕРБ/ Фото EPA/VASSIL DONEV

Претседателот на Бугарија, Румен Радев в понеделник во 10 часот по локално време ќе и го врачи првиот мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група во 48. Народно собрание, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Од ГЕРБ-СДС веќе најавија дека се подготвени да презентираат владин состав.

ГЕРБ ќе предложи влада, бидејќи тоа е наша заложба, рече заменик-претседателот на партијата Томислав Дончев на вчерашниот брифинг во Собранието.

Тој посочи дека имаат дефинитивна согласност со „Демократска Бугарија” во многу голем дел од приоритетите и политичките определби, но останува суштинското прашање зошто не е можна парламентарна интеракција.

„Продолжуваме со промената”, претходно објавија дека нема да понудат малцинска влада со втор мандат ако конечно се изгласаат измените на Изборниот законик, со кои се враќа опцијата за гласање со хартиено ливче.

Во врска со спорните измени во изборниот закон, претседателот Румен Радев денеска нагласи дека кога ќе стигне до него новоусвоениот Изборен законик, тој детално ќе го анализира и ќе донесе одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот