Бугарија преговара со Германија и Франција за позајмување вакцини

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Премиерот Бојко Борисов соопшти дека Бугарија во моментот преговара со Германија и со Франција за позајмување вакцини, јави ТВ Нова, пренесува дописникот на МИА од Софија.

– Тие доцнат со вакцинацијата или луѓето, и за разлика од Бугарија, немаат редици за вакцинација. Нека ни позајмат сега, за да не го прекинуваме планот, затоа што гледате – тие истекуваат, застануваме ден-два, тие доаѓаат, веднаш започнуваме повторно. А ние веќе плативме 18.500.000 вакцини, и кога ќе ги добиеме -тогаш ќе ги вратиме, рече Борисов.

Лидерката на опозициската Бугарска социјалистичка партија, Корнелија Нинова, го повика премиерот Борисов: Наместо да се молите на Франција и Германија, започнете разговори со Кина и Русија, како што направија голем број европски лидери.

Нинова на својот профил на Фејсбук коментира дека голем број централноевропски земји започнале разговори со Москва за испорака на руската вакцина Спутник В. „Голем број европски лидери започнаа разговори за набавка и употреба на руски и кинески вакцини. Чешкиот и унгарскиот премиер, австрискиот канцелар дадоа пример за ова, напиша таа.

Според Корнелија Нинова, фактот дека бугарскиот премиер Борисов преговара за „позајмување вакцини” од Германија и Франција е признание за целосен неуспех, беспомошност и недостиг на предвидливост.

Оваа недела, на барање на бугарските социјалисти, парламентарната здравствена комисија на својот состанок ќе го разгледа предлогот на БСП, бугарската влада да започне преговори за набавка на руската вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот