Бугарија прави чекор напред кон Шенген со укинување на концесијата на Лукоил

Лукоил / Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Бугарскиот парламент изгласа укинување на концесијата на руската нафтена компанија Лукоил за управување со нафтениот терминал Росенец во близина на црноморското пристаниште Бургас, потег за кој законодавците се надеваат дека ќе го забрза влезот на земјата во Шенген зоната на ЕУ без граници, пренесува Јаху.

Законот што го поддржаа 144 пратеници во парламентот од вкупно 240 места, предвидува дека на Лукоил ќе му биде дозволено да управува со нафтениот терминал по раскинувањето на концесијата, но со плаќање надоместок на бугарската влада. Концесијата ќе престане да важи за една недела.

Пристаништето Росенец, недалеку од Бургас, е единствениот специјализиран нафтен терминал на бугарското крајбрежје на Црното Море. Под контрола на Лукоил е од 2011 година, кога руската компанија доби концесија за 35 години.

Терминалот го опслужува единствената рафинерија во Бугарија, Нефтохим Бургас, која има капацитет за преработка на 196.000 барели дневно и е исто така во сопственост на Лукоил. Бугарските пратеници во јануари усвоија одлука која и дозволува на владата да ја преземе рафинеријата на период до една година.

Во своето излагање пред парламентот, владејачката десно-центристичка партија ГЕРБ, Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) и Движењето за права и слободи, рекоа дека раскинувањето на концесијата ќе ја спречи Русија да ги користи бугарските објекти за финансирање на војната во Украина.

Тоа исто така ќе обезбеди спроведување на санкциите на ЕУ, помагајќи ја бугарската кандидатура за Шенген, рече копретседателот на ПП-ДБ, Кирил Петков, пред гласањето. Бугарија се надева дека ќе биде примена веќе оваа есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот