Бугарија под присмотра за корупција до 2026

Корупцијата и недостатокот на сериозни реформи ќе ја држат Бугарија надвор од еврозоната најмалку до 2026 година. Според предвидувањата  економското закрепнување ќе биде побавно, следењето на Европската комисија за корупција и владеење на правото ќе се одржи најмалку до 2022 година, што е поврзано со пристапувањето во Шенген.

Потоа, во периодот 2022-2025 година, растот во просек ќе изнесува 3% од БДП – „релативно бавен“ како резултат на намалувањето на населението, слабиот раст на продуктивноста (и зголемувањето на платите), бариерите за инвестиции поради слабата инфраструктура и институционалното опкружување.

Но, ако прогнозата на ЕИУ се оствари, тоа исто така значи дека до средината на деценијата, Бугарија нема да го достигне целното ниво на Европската централна банка за „инфлација под 2%“.

ММФ, кој назначи нов шеф на мисијата за Бугарија, потсетува дека мора да се води борба против корупцијата, подобрување на деловната клима и управување.

“Корупцијата влијае на сите нивоа и реформите во оваа насока мора да продолжат. Ние ќе го следиме ова во следните неколку години”, рече Алваро Переира – директор за студии на ОЕЦД.

Алваро Переира од ОЕЦД ги цитира и другите организации кои упатија забелешки во предизвиците во образованието и здравството, потребата за независност на институциите за борба против корупцијата и организираниот криминал, како и зголемување на продуктивноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот