Бугарија: Откриено ново жариште на африканска свинска чума

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) откри ново жариште на африканска свинска чума на индустриска фарма во селото Попина, општина Ситово во областа Силистра.

Позитивните примероци денеска се лабораториски потврдени од страна на Националната референтна лабораторија при Националниот научно-истражувачки институт за ветерина.

На фармата се одгледуваат 17.000 животни. Ова е четврт потврден случај на болеста на индустриска фарма и прв во областа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот