Бугарија одлучи да се приклучи на договорот на ЕК со „Фајзер”

Фајзер вакцина
Фајзер / Бионтек вакцина против коронавирус / Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE

Бугарската влада одлучи да се приклучи на договорот што Европската комисија го потпиша со Фајзер.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, договорот предвидува вакцини за 2022 и 2023 година за цела ЕУ.

– Значи, прашањето е решено, коментира министерот за здравство на Бугарија Стојчо Кацаров. Вакцините на оваа компанија ќе бидат обезбедени за следните две години во Бугарија. Од денеска стапува во сила мојата наредба за Регионалните здравствени инспекторати да обезбедат испорака на вакцини до сите матични лекари во земјата.

Стојчо Кацаров за време на брифингот по вонредниот состанок на бугарската влада коментира дека огромен број на смртни случаи во Бугарија се над 60 години, така што од понеделник до четврток ќе се вакцинираат лица над 60 години и со хронични болести.

Според министерот Кацаров, премиерот на Бугарија Стефан Јанев мора да одлучи дали ќе има Национален оперативен штаб или не. Кацаров го изрази своето лично мислење дека таквиот штаб не е потребен за управување со ситуацијата со Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот