Бугарија одбележува 143 години од ослободувањето од османлиското владеење

Во Бугарија денеска со низа манифестации се одбележува 143-годишнината од ослободување од османлиското владеење.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на Фејсбук им го честиташе Националниот празник на граѓаните, истакнувајќи оти 3 март е ден на обнова на бугарската државност и ден за одавање на почит на херојската самопожртвуваност на сите тие кои го дале животот за својата татковина.

На 3 март во 1878 година потпишан е Санстефанскиот мировен договор помеѓу Русија и Османлиското царство, со кој заврши руско-турската војна (1877-1878).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот