Бугарија од понеделник се затвора за патниците од Холандија, Малта, Андора и Грузија

Граница на Бугарија / Фото: Архива на Слободен печат

На бугарските државјани кои пристигнуваат од овие земји, како и на лицата со постојано жителство во нив и членовите на нивните семејства, дозволен ќе им биде влез во земјата само со негативен тест за Ковид-19

Бугарија од понеделник, 26 јули, се затвора за патниците-странци кои ќе пристигнуваат од Холандија, Малта, Андора и Грузија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на бугарските државјани кои пристигнуваат од овие земји, како и на лицата со постојано жителство во нив и членовите на нивните семејства, дозволен ќе им биде влез во земјата само со негативен тест за Ковид-19, без разлика дали биле вакцинирани или не, се предвидува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство.

Во Црвената зона од минатата недела се и Велика Британија, Шпанија, Кипар и Кувајт.

Влегувањето во црвената зона значи дека Бугарија не дозволува посети од овие земји, освен доколку не станува збор за бугарски државјани и лица со статус на постојан, долгорочен или продолжен  престој во земјата и на членовите на нивните семејства.

Во овие случаи, не е важно дали некое лице е вакцинирано – мора да покаже негативен PCR за влез во Бугарија. Можно е тестот да се замени со 10-дневен карантин и да се откаже доколку се прикаже негативен тест за PCR во рок од 24 часа по собирањето.

Бугарија им дозволува на туристите од Русија да влезат со негативен PCR тест, без рзлика дали биле вакцинирани, иако, како што забележаа тамошните медиуми, приморскиот град Бургас пред неколку дена се врати во жолтата зона поради зголемувањето на новите случаи со зарази, додаде дописникот на МИА од Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот