Бугарија не го прифатила португалскиот предлог

epa09224749 Portuguese Minister of State for Foreign Affairs Augusto Santos Silva attends a virtual meeting of European Union Special Envoys to the Sahel region during Portugal's Presidency of the Council of the EU, in Lisbon, Portugal, 24 May 2021. The half-yearly meeting co-chaired by the European Union Special Representative for the Sahel and by Portugal is an important forum for monitoring and reflecting on the most recent developments in policies, security, and cooperation in the Sahel region, aimed at guiding the action of the EU and discussing potential new intervention vectors to help with the regional stabilization process. EPA-EFE/ANTONIO PEDRO SANTOS

Словенија вчера го презеде претседателството со ЕУ од Португалија и најави дека проширувањето на Унијата ќе биде еден од нејзините приоритети.

Во португалскиот предлог се зборува за македонски јазик, а изјавата на државната секретарка Ана Паула Закаријаш во која таа зборува за „северномакедонски јазик што некогаш бил дел од бугарскиот“ е грешка, објасни министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, на последниот ден од претседавањето со ЕУ. Тој за МИА откри и дека предлогот е прифатен од македонската страна, а „Бугарија може во блиска иднина да го прифати, исто така“.

– Предлогот е многу јасен, зборуваме за македонски јазик и предлагаме дека со унилатерална декларација поддржана од декларација на Советот на ЕУ, секоја земја ја дефинира својата позиција, македонскиот јазик е јазик дефиниран согласно со Уставот на Северна Македонија и е кодифициран во 1945 година, но ако сакате да ја знаете позицијата на португалското претседателство, прочитајте го текстот – вели Силва.

Тој ја оправда неговата државна секретарка Закаријаш дека згрешила со изјавата и дека не е лингвист.

– Не можете да очекувате од дипломати и политичари да бидат експерти по лингвистика, не ја поминуваме секоја секунда од секоја минута од секој час секој ден во употреба на соодветни прецизни термини од научна гледна точка. Кога мојата заменичка се осврна на македонскиот јазик, таа сакаше да каже македонски јазик – рече Силва.

Португалскиот предлог беше испорачан на 21 мај, по што Скопје го оцени како добра основа за решавање на спорот, а Софија побара правни гаранции за трајни решенија. Откако Бугарија на состанокот на Советот за општи работи на 22 јуни по вторпат не одобри да се усвои преговарачката рамка за членство во ЕУ, Словенија беше охрабрена и во следните шест месеци да продолжи да работи со двете земји врз основа на тој предлог. Канал 5 завчера го објави делот од документот каде што е наведено решението за јазичниот спор, според кој Бугарија ќе изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а Македонија ќе изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година. Вакви објаснувања за предлогот даде и премиерот Зоран Заев, кој рече дека годината на кодификација е факт, но за потеклото на македонскиот јазик категорично одбива да разговара.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, не веруваат во изјавите на премиерот и бараат да се стави на јавен увид содржината на разговорите со Софија, како и МНР да реагира на изјавата на Закаријаш.

– Она што Заев со месеци го крие од македонскиот народ е токму она за кое зборува Закаријаш во својот брифинг со новинари – рече вчера Стефан Андоновски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој побара МНР да ја објави јавно комуникацијата со португалските колеги „за да докаже дека протестирала на сквернавењето на македонскиот јазик“ и кабинетот на премиерот да ги објави стенограмските белешки од средбата со Радев.

Од друга страна, во Бугарија ликуваат на изјавата на Закаријаш. Според европратеникот Андреј Ковачев од ГЕРБ изјавата на Закаријаш потврдува дека Бугарија е ценета членка на ЕУ.

– Нашето мислење е почитувано. Колегите во различните институции, Европскиот парламент, Европската комисија, Европскиот совет, ја разбираат бугарската позиција која е поврзана со чувствителниот дел од нашата заедничка бугарска историја, како што е напишано во Договорот за добрососедство и пријателство со РС Македонија – вели Ковачев за Бгнес.

Претседателот Стево Пендаровски изјавата на Закаријаш ја оцени како длабоко погрешна, а вицепремиерот Никола Димитров како прилично несреќна. Претседателот дури рече и дека е „добро што завршило португалското претседателство“.

Од вчера очекувањата се свртени кон Љубљана, во чие претседателство се гледа нова шанса за одблокирање на евроинтеграциите на Македонија, иако овој пат надежите се мали, а критиките кон непринципиелноста и неморалот на ЕУ стануваат сè погласни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот