Бугарија може да го усвои еврото на почетокот на јануари 2023 година

Според последниот извештај на агенцијата за рејтинг „Фич рејтингс“, Бугарија може да го усвои еврото на почетокот на јануари 2023 година, пренесуваат медиумите во соседството.

Бугарија официјално го започна процесот на пристапување кон механизмот ЕРМ II во јули 2018 година и чека одлука дали може да се приклучи на таканаречениот механизам ЕРМ II, објави Фактор.

Хрватска го следи нејзиното барање и испрати писмо за пристапување до ЕРМ II на почетокот на јули.

„Фич“ смета дека најраното усвојување на еврото за Бугарија би можело да започне во јануари 2023 година, а за Хрватска во јануари 2024 година, под услов и двете држави успешно да ги исполнат критериумите на ЕРМ II, како и пошироките критериуми за конвергенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот