Бугарија ќе ѝ прати лесно оружје на Украина

Фото: илустрација / EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Бугарија ќе и достави на Украина мало и лесно оружје и одредена количина муниција, најави вршителот на должноста министер за економија и индустрија Никола Стојанов, јави „Еуроњуз Бугарија“.

Стојанов е дециден дека помошта што ќе ја даде Бугарија нема да влијае на борбената способност на бугарската армија.

Со одлука на Парламентот, Бугарија ќе и додели помош на Украина. Нема да има тенкови, изјави бугарскиот министер за економија, велејќи дека станува збор за мало и лесно оружје и нешто муниција.

– Она со што Бугарија и помогна на Украина е она што може да си дозволи, за бугарските граѓани да немаат грижи. Бугарската армија останува целосно способна да реагира во случај на опасност, изјави министерот за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот