Бугарија ќе ѝ донира вакцини против ковид-19 на Македонија

Коронавирус Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Владата на Бугарија усвои нацрт договор за донација на вакцини против ковид-19, произведени од „Фајзер-Бионтек“ на Република Северна Македонија, јави бугарската новинска агенција БТА.

Тоа е тристран договор помеѓу Република Бугарија, Република Северна Македонија и „Фајзер-Бионтек“.

Исто така е усвоен Двостран договор за донација на вакцини против ковид-19 помеѓу двете земји.

Договорите предвидуваат донација од 51 480 дози од вакцината Комирнати, како и дека сите расходи за достава на вакцините да бидат на товар на Република Северна Македонија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот