Бугарија/Избори: Галуп – Според паралелно пребројување на 100 отсто гласови – Радев – 66,4 отсто гласови, Герџиков – 31,9 отсто

фото:МИА

 Според паралелното пребројување на 100 отсто гласови направено од Галуп, актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за втор мандат Румен Радев доби 66,4 отсто гласови.

 

 Како што јави дописникот на МИА од Софија, независниот кандидат Анастас Герџиков доби 31,9 отсто. 

Излезноста во вториот круг од претседателските избори во Бугарија беше 31,6 отсто. Според Галуп,  1,7 отсто гласачи кои излегле на гласање не поддржале никого на изборите. Пред една недела во првиот круг од претседателските избори во Бугарија излезноста беше 40,5 отсто. 

Извор МИА

Видео на денот