Бугарија и Косово денеска со најмногу починати на Балканот, Хрватска и БиХ со над 300 новозаразени

Рим, Италија / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Македонското министерство за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 1297 тестирања, а регистрирани се 131 нови случаи на ковид-19, оздравени се 81 пациент, а починати се 6 лица. 

Меѓу починатите еден пациент од Охрид (56г), двајца пациенти од Скопје (63г и 80г), двајца од Прилеп (78г и 54г) и еден пациент од Штип (82г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 14293,  бројката на оздравени пациенти е 11014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683.

Во Бугарија има 57 нови случаи на заразени со коронавирусот при направени 6.337 PCR тестови.

Починале девет лица, а на интензивна нега се 59 пациенти. Излекувани се 187 луѓе.

Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последните 24 часа на Косово, девет лица починале од коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 508.

Во истиот период се тестирани вкупно 466 примероци, од кои 115 биле позитивни. Така, вкупниот број на позитивни на коронавируси досега е 13.215.

Во последните 24 часа во Србија се забележани 75 нови случаи на зараза од коронавирус меѓу 6.996 тестирани лица, пренесува Бета.

Од последиците на заразата од коронавирус почина уште едно лице, така што бројот на починати порасна на 710, објави српското министерство за здравство.

Од почетокот на епидемијата од коронавирус во Србија се заболени вкупно 31.282 лица.

Стапката на смртност во саботата е 2,27. Хоспитализирани се 641 заболен, а на респиратори се 40 лица.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија се тестирани 920.852 лица, а вирусот е потврден кај 31.282, наведува Бета.

Според најновите податоци на Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска во изминатите 24 часа има 312 нови случаи на зараза од САРС-Ков-2, а вкупно активни случаи во моментов се 2.654.

Меѓу нив, 211 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 12 пациенти. Три лица починале.

До денеска во Хрватска се тестирани 165.716 лица, од кои 3.415 во последните 24 часа. Од 25 февруари кога е регистриран првиот случај на зараза од ковид-19, до денеска вкупно се заразени  9861 лица, од кои 183 починале, 7.024 се опоравиле. Моментално во само изолација се 9.148 лица.

Во БиХ се регистрирани 333 нови случаи на зараза од коронавирус и три поврзани смртни исходи, а полицијата на западот од земјата мораше да реагира за да спречи одржување на свадбени веселби на кои се шири коронавирусот.

Тестирање од коронавирус во болницата во Сараево/ Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Според податоците, од 1.513 тестирани лица на САРС-КоВ-2 во Федерацијата БиХ имало 244 позитивни, а во Република Српска 89.

Две лица починале во Федерацијата БиХ, а уште едно во Република Српска.

Од почетокот на епидемијата од коронавирус во БиХ заразата е забележана кај 19.547 лица, додека почина 594 пациенти.

Во Словенија во последните 24 часа со спроведување на 1.328 тестови, потврдени се 37 новозаразени од коронавирус, пет помалку од ден предтоа, а немало нов смртен случај, соопшти словенечката влада на Твитер.

Хоспитализирани се 23 лица заболени од ковид-19, што е за два повеќе од претходниот ден. Две се на интензивна нега, а во петокот еден пациент е отпуштен од болница.

Бројот на заразени од почетокот на епидемиајта со нови случаи е зголемен за 2.834, а активни се 433 случаи. Досега во Словенија починале 133 лица.

 Во Албанија во последното деноноќие потврдени се 84 случаи на Ковид-19 што е прва двоцифрена бројка овој месец, во кој во просек дневно беа регистрирани по над 150 новозаразени.

Тунел за дезинфекција поставен во близина на пазарот во Тирана/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

-Од тестираните 796 сомнителни случаи, Ковид-19 е дијагностициран кај 84 лица, најмногу од нив или 28 се во Тирана и по 12 во Драч и Скадар, останатите се во речиси сите региони во земјата. Исто така во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се впишани 97 додека починале четворица пациенти, информираше Ровена Даја од Институтот за јавно здравје.

Според неа до сега во земјата направени се 61.214 тестови, позитивни на вирусот биле 9.279, оздравеле 5.020, додека починале 275 лица.

Моментно активни на болеста се 3.984, од нив 175 се хоспитализирани во двете ковид болници, при тоа 26 се во тешка здравствена состојба.

Познати албански лекари од оваа област и денеска побараа од Министерството да се зголеми бројот на тестирања и да се прават повеќе 2.500 тестови дневно.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти за 177 нови случаи на Ковид-19 и уште едно починато лице.

Вкупниот број на заболени лица во земјата се зголеми на 9.977, а починаа 260 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот