Бугарија гради автопат кон Србија: Белград-Софија за три часа

Бугарскиот премиер Бојко Борисов симболично го означи стартот на работата на првата делница од автопатот „Европа“.

Oваа делница ќе ја поврзе Софија со граничниот премин Калотина на границата со Србија и натаму со Ниш и Белград, јавуваат бугарските медиуми.

Како што пренесуваат медиумите, Борисов вчера свечено ја отворил работата за модернизација на стариот пат Калотина-Софија на делницата „I-8“ помеѓу Драгоман и Сливница.

„Првата фаза опфаќа 17 км од Драгоман до Сливница. На таа делница ќе биде изградена втора лента од автопатот, а старата ќе биде реконструирана, па така оваа сообраќајница ќе се прошири и ќе стане автопат“, се наведува во информацијата.

Инвестицијата изнесува 117,3  милиони лева (околу 60 милиони евра), а средствата се обезбедени од државниот буџет.

Делницата од автопатот „Европа“ помеѓу Калотина и софиската обиколница е долга 48 км и е поделена на три дела: Калотина-Драгоман, Драгоман-Сливница и Сливница-Северната обиколница.

Втората лента од автопатот на делницата Драгоман-Сливница би требало да биде завршена до крајот на 2020 година, изјави премиерот Борисов, додавајќи дека српскиот дел од автопатот „Европа“, од бугарската граница до Ниш е готов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот