Бугарија го забрани влезот во земјата за државјани од трети земји

Исклучок се прави за бугарските државјани и членовите на нивните семејства.

Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев попладнево издаде наредба со која се воведува привремена забрана за влез на територијата на Бугарија на сите грѓани од трети земји.

Со наредбата се воведува и процедура за ставање под карантин. се воведуваат и специјални правила за лицата кои вршат дејност на испорака на стоки и услуги, јавија бугарските медиуми.

Со наредбата на граѓаните од трети земји привремено им се  забранува да влегуваат на територијата на Бугарија.

Се забранува и влегувањето на граѓани, независно од нивното државјанство, а кои доаѓаат од Италија, Шпанија, Франција, Велика Британија, Северна Ирска, Германија, Холандија, Швајцарија, Австрија, Белгија, Исланд, Лихтенштајн и Луксембург на сите гранични премини и со сите видови транспорт.

Исклучок се прави за бугарските државјани и членовите на нивните семејства.

Сите лица кои ќе влезат во Бугарија се ставаат под 14-дневен задолжителен карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот